Датумот за разгледување во Собранието на документот за испраќање војска во Либија поместен на напред

Документот за дозвола за испраќање војска во Либија би можел да биде доставен до Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) на 30 декември во понеделник, а да биде поставен на разгледување на 2 јануари во четврток

1331074
Датумот за разгледување во Собранието на документот за испраќање војска во Либија поместен на напред

Датумот за разгледување во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) на документот за дозвола за испраќање војска во Либија, е поместен на напред. 

Според добиени информации од извори од владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата), документот за дозвола за  испраќање војска во Либија би можел да се достави до претседателството на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) на 30 декември во понеделник и дискусиите во Собранието би можеле да се одржат на 2 јануари во четврток.

Инаку, Собранието на Турција по дискусиите за буџетот и неговото усвојување направи пауза во своите работи до 7 јануари, во вторник. 

Да потсетеме дека претходно претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека документот за дозвола за испраќање војска во Либија ќе биде доставен до Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) веднаш откако ќе ги започне своите работи Собранието. 

На тој начин под светлината на официјалното барање на Либија за воена поддршка од Турција и развојот на настаните во регионот го помести на напред и датумот на документот за дозвола за испраќање војска во оваа земја.

Конечниот календар во врска со документот за дозвола за испраќање војска ќе биде разјаснет во понеделникот.



Слични вести