Сочувство од Турција до Казахстан поради трагичната авионска несреќа во Алма Ата

Во објавеното соопштение од МНР на Турција се истакнува дека со големо жалење е дознаено за авионската несреќа кога патнички авион кој леташе од Алма Ата за Нур-Султан во моментот на полетување се урна, при што загинаа и беа повредени голем број лица

1330613
Сочувство од Турција до Казахстан поради трагичната авионска несреќа во Алма Ата

Турција го изрази своето сочувство до Казахстан поради загинатите во трагичната авионска несреќа во градот Алма Ата во која, според последни добиени информации, животот го загубија најмалку 15 лица, а над 66 лица се повредени од кои некои потешко.

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека со големо жалење е дознаено за авионската несреќа кога патнички авион кој леташе од Алма Ата за Нур-Султан во моментот на полетување се урна, при што загинаа и беа повредени голем број лица кои се наоѓаа во авионот и лица кои се наоѓаа во зградите над кои падна авионот.

„Поради оваа трагична несреќа ја споделуваме жалоста на пријателскиот и братски казахстански народ, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до нивните семејства и им посакуваме трпение, а на повредените им посакуваме побрзо оздравување.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.

Инаку, во објавеното соопштение од министерството за здравство на Казахстан веднаш по несреќата, беше соопштено дека во оваа трагична авионска несреќа загинаа 12 лица, а 53 лица се повредени.

Потоа пристигна информации дека во несреќата има најмалку 15 загинати и над 66 повредени лица од кои некои потешко.

Воедно и заменик премиерот на Казахстан Роман Склјар истакна дека се мисли оти причина за несреќата е „пилотска грешка“ или „технички проблем“. 

Првата вест во врска со трагичната авионска несреќа пристигна од Министерството за итни состојби на Казахстан од чија страна беше соопштено дека утрово во градот Алма Ата се урна патнички авион од типот „Фокер 100“ кој во моментот на полетување од аеродромот падна врз згради и дека во авионот се наоѓаа 93 патници и 5 мина членови на екипажот.



Слични вести