Министерството за национална одбрана на Турција: Во 2019 година се неутрализирани 1.789 терористи

Во текот на 2019 година во рамките на борбата против тероризмот се неутрализирани вкупно 1.789 терористи од кои 255 избегаа од терористичката организација и им се предадоа на турските безбедносни сили

1330625
Министерството за национална одбрана на Турција: Во 2019 година се неутрализирани 1.789 терористи

Во рамките на борбата против тероризмот којашто ја реализира Турција во текот на 2019 година се неутрализирани вкупно 1.789 терористи од кои 255 избегаа од терористичката организација и им се предадоа на турските безбедносни сили.

Според соопштението податоци од Министерството за национална одбрана во врска со билансот (резултатите) во борбата против тероризмот во текот на оваа (2019) година, годинава беа реализирани вкупно 150 операции од кои 31 операција од широк обем против местата за засолнување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК.

Во овие операции коишто се реализирани и реализираат со одлучност и во рамките на начинот на сфаќање за офанзива, се неутрализирани вкупно 1.789 терористи од кои 255 избегаа од терористичката организација и им се предадоа на турските безбедносни сили.

Беа уништени 1.852 наоружани позиции, засолништа и складишта за оружје и муниција на терористите.

Бројот на разрешените припадници на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во рамките на борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) пак, изнесува изнесува 3.559 воен персонал.

Од неуспешниот предавнички обид за државен удар на 15 јули 2016 година  досега се разрешени или отпуштени од должност од Турските вооружени сили (ТВС или TSK) вкупно 18.630 војници. 

Во подрачјата на реализираните прекугранични операции Еуфратски штит, Маслиново гранче и Извор на мирот во северниот дел на Сирија е овозможено да се вратат назад во своите домови доброволно повеќе од 580 илјади сириски бегалци.

Според безбедносни извори, Турските вооружени сили (ТВС или TSK) секој момент кога ќе биде издадена наредба за тоа се во готовс и спремни да заминат на задача и во Либија.



Слични вести