Ердоган: Заедно стануваме сведоци на тоа како 60 годишниот сон на Турција се претвора во стварност

Претседателот Ердоган во својот говор на претставувањето на првиот домашен автомобил на Турција рече: „Денеска е историски ден за нашата земја. Заедно стануваме сведоци на тоа како 60 годишниот сон на Турција се претвора со стварност.“

1330874
Ердоган: Заедно стануваме сведоци на тоа како 60 годишниот сон на Турција се претвора во стварност
erdogan yerli otomobil.jpg
yerli otomobil togg.jpg
yerli otomobil togg1.jpg

Денеска, на одржаната церемонија во „Информатичката долина“ во населеното место Гебзе кај градот Коџаели со учество и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган е претставен прототипот на првиот домашен автомобил на Турција, на Иницијаторската група за автомобил на Турција (ТОГГ или TOGG), чие производство ќе започне во 2022 година.

Претседателот Ердоган во својот говор што го одржа овде по повод овој значаен настан рече: „Денеска е историски ден за нашата земја. Заедно стануваме сведоци на тоа како 60 годишниот сон на Турција се претвора во стварност.“

Велејќи дека над 100 турски инженери работеа деноноќно за остварување на овој повеќедецениски сон, Ердоган рече: „Нашиот сон е да располагаме со автомобил којшто ќе биде замесен (произведен) со трудот на нашите дизајнери и инженери, ќе се произведува со национални технологии, ќе го прочуе нашето име во светот.“

Претседателот Ердоган нагласи дека Турција веќе не е само пазар на новите технологии, туку е дојдена во положба на земја која произведува, извезува нови технологии.

Тој појасни дека фабриката на домашниот автомобил ќе биде изградена на земјиште во сопственост на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во населеното место Гемлик кај градот Бурса и продолжи со следните зборови: „Нашето возило ќе работи со нула емисија (на штетни гасови), никако нема да ја загадува животната средина. (Домашниот автомобил) Не бара лиценца и дозвола од никого, секој вид техничка катактеристика ја определуваме самите ние. Правилата на играта веќе ги поставуваме ние.“

Велејќи дека во 2022 година во Турција ќе биде подготвена и целокупната инфраструктура за полнење (ќе бидат изградени станици за полнење на батериите), претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека ќе биде произведено возило со најширок внатрешен простор, со највисок перформанс и со најповолна цена.

„Ние сме во потрага по глобален бренд. Кога ќе преминеме кон сериско производство ќе располагаме со првиот и единствен СУВ модел на, Европа којшто нема да е класичен и од раѓање ќе е електричен.“ - порача Тој. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно однапред  ја даде и својата прва порачка за себе од првиот домашен автомобил на Турција. 



Слични вести