Германската канцеларка Ангела Меркел во јануари 2020 година ќе престојува во посета на Анкара

Според веста на германскиот весник „Зудојче Цајтунг“ („Süddeutsche Zeitung“), канцеларката Ангела Меркел во јануари ќе отпатува во посета на Анкара на средба со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

1330662
Германската канцеларка Ангела Меркел во јануари 2020 година ќе престојува во посета на Анкара

Германската канцеларка Ангела Меркел која е загрижена од мигрантскиот бран, во месец јануари во новата 2020 година планира да се состане со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Анкара.

Според веста на германскиот весник „Зудојче Цајтунг“ („Süddeutsche Zeitung“), канцеларката Ангела Меркел во јануари ќе отпатува во посета на Анкара на средба со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

На средбата се очекува да бидат разгледани мигрантската криза, случувањата во Сирија и прашањето со Либија кадешто Турција планира да испрати војска.

Во веста на „Зудојче Цајтунг“ („Süddeutsche Zeitung“) се наведува дека германската канцеларка Ангела Меркел чувствува загриженост од иднината на договорот за мигрантите постигнат меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) во 2016 година.

Како причина за оваа загриженост на Меркел се изнесува постепениот раст во бројот на мигрантите на границата на Турција со Сирија и на грчките острови.

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во неделата, минатата седмица, истакна дека по интензивирањето на нападите врз подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, повторно доаѓа до нов бегалски бран кон границата и подвлече дека Турција нема да го сноси сама овој товар.



Слични вести