Претседателот Ердоган: Ќе ја дадеме секој вид поддршка на Владата во Триполи против пучистот Хафтар

Претседателот Ердоган истакна дека Турција ќе ја даде секов вид поддршка на борбата на Владата на Либија против генералот пучист Халифа Хафтар

1330033
Претседателот Ердоган: Ќе ја дадеме секој вид поддршка на Владата во Триполи против пучистот Хафтар

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во седиштето на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партија) говореше на состанокот на претседателите на градските ограноци на АК Партијата во проширен состав.

Претседателот Ердоган истакна дека Турција ќе ја даде секов вид поддршка на борбата на Владата на Либија против пучистот Хафтар.

Нагласувајќи дека Турција се наоѓа во басен на цивилизацијата, Ердоган во своето обраќање рече: „Овој басен е доста простран. Средоземното Море и Северна Африка се дел од него. Либија ни е вид наследство од Гази Мустафа Кемал Ататурк. Гази Мустафа Кемал ги организира нашите либиски браќа против окупаторите и војуваше заедно со нив. Дури беше ранет во окото и поносно ја носеше лузната од таа рана.“

„Исто како во Северна Африка ние имаме наши браќа со кои имаме врски и во Либија“ - напомена Ердоган и продолжи со следните зборови: „Актуелниот претседател (Фајез ал Сараџ) е претседател кој овде има свои роднини. Се спротивставивме на започнатите напади од страна на генералот пучист. Ја дадовме и ќе ја дадеме секој вид поддршка на Владата во Триполи. Либија е наш сосед од море, поради тоа што граничат сферите на надлежност во морето помеѓу нашите земји.“

Осврнувајќи се на прашањето за испраќање војска во Либија, претседателот Ердоган рече: „Прашуваат 'Дали ќе испратите војска во Либија?'. Ние ќе одиме таму кадешто сме поканувани. А, нема да одиме таму кадешто нема да бидеме поканети. Според тоа што во моментов постои една таква покана, ќе ја прифатиме. Стапи во сила меморандумот чии процеси на ратификување од страна на Турција и Либија се завршени. Ја регистриравме кај Обединетите нации (ОН) нашата карта којашто е подготвена во врска со сферите на надлежност во морето. Ние немаме за цел да му го одземеме насилно (да го узурпираме) правото на никого во Средоземното Море. Да спречиме да се одземе насилно нашето право. Бидејќи, доколку не го фрлевме овој чекор се подготвуваше игра со којашто Турција ќе беше заробена на сопствените крајбрежја. Не можевме да останеме набљудувачи пред овие игри.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека првата работа што ќе биде направена веднаш штом ќе се отвори Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) ќе биде доставен до Собранието документот за дозвола за испраќање војска во Либија и го подвлече следното: „Ќе го усвоиме овој документ за дозвола во Собранието и ќе одговориме на (ќе ја прифатиме) поканата. Ние одговараме на поканата на легитимната влада на земјата. Ќе ја дадеме секој вид поддршка на Владата во Триполи која води борба против генералот пучист кој е поддржуван од страна на различни европски и арапски земји.“



Слични вести