Пет терористи кои избегале од северот на Ирак и Сирија им се предадоа на турските безбедносни сили

Четворица терористи на ПКК кои избегале од северниот дел на Ирак им се предадоа на турските безбедносни сили во Силопи кај Ширнак, а еден терорист кој избегал од северниот дел на Сирија се предаде во Нусајбин кај Мардин

1330185
Пет терористи кои избегале од северот на Ирак и Сирија им се предадоа на турските безбедносни сили

Уште 5 мина терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои избегале од местата за засолнување во северниот дел на Ирак и на Сирија, им се предадоа на турските безбедносни сили.

Во објавеното соопштение на сметката на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека продолжуваат бегствата од сепаратистичко-терористичката организација ПКК, со што продолжува и процесот на нејзино распаѓање.

Во соопштението се вели дека четворица терористи на ПКК кои избегале од местата за засолнување во северниот дел на Ирак им се предадоа на турските безбедносни сили во населеното место Силопи кај градот Ширнак, на турско-ирачката граница; а еден терорист кој избегал од местата за засолнување во северниот дел на Сирија се предаде во населеното место Нусајбин, кај градот Мардин, на турско-сириската граница.



Слични вести