АФАД продолжува да доставува помош на настраданите во Идлиб

На снимките може да се види хуманитарната помош во шатори, ќебиња и храна која персоналот на АФАД им ја доставува на настраданите сириски цивили

1330039
АФАД продолжува да доставува помош на настраданите во Идлиб
afad idlib yardim1.jpg

Управата за елементарни непогоди и итни состојби при Владата (АФАД) продолжува да доставува помош на настраданите Сиријци од Идлиб кои бегаат од нападите на силите на режимот на Асад.

Управата АФАД на профилот преку твитер објави видео на кое може да се видат тешките услови во кои живеат цивилите во Идлиб.

На видеото под наслов „Продолжува доставувањето помош на цивилите кои бегаат од силите на режимот на Асад“ можат да се видат снимки од тешките услови во кои живеат Сиријците и доставувањето хуманитарна помош на настраданите кои пребегнале од нападите на силите на режимот.

На снимките може да се види хуманитарната помош во шатори, ќебиња и храна која персоналот на АФАД им ја доставува на настраданите сириски цивили.



Слични вести