Ердоган во ненадејна посета на Тунис

Овие чекори на Турција и Либија беа коментирани како потфат за менување на рамнотежите во Медитеранот

1329393
Ердоган во ненадејна посета на Тунис

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган отпатува во ненадејна посета на Тунис.

Во рамките на посетата претседателот Ердоган ќе одржи средба со новиот претседател на Тунис, Кајс Саид кој беше избран во октомври.

Претседателот Ердоган во рамките на посетата ќе биде придружуван од страна на министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу и министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

На 27 ноември претседателот Ердоган и претседателот на Либискиот претседателски совет Фаиз ал-Сараџ се состанаа во сарајот Долмабахче во Истанбул. Двајцата лидери во оваа прилика го потпишаа Меморандумот за ограничување на поморските овластувања и Меморандумот за безбедносна и воена соработка.

Овие чекори на Турција и Либија беа коментирани како потфат за менување на рамнотежите во Медитеранот.



Слични вести