Ердоган од Тунис порача: „Што поскоро треба да се воспостави примирјето во Либија“

Со меморандумот со кој Турција и Либија станаа соседни поморски земји, Грција нема право на глас во регионот

1329555
Ердоган од Тунис порача: „Што поскоро треба да се воспостави примирјето во Либија“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: „Што поскоро треба да се воспостави примирјето во Либија“.

Претседателот Ердоган во рамките на ненадејната посета на Тунис одржа заедничка прес конференција со претседателот на Тунис Кајс Саид.

Ердоган во говорот се осврна на нападите на силите на пучистот Хафтер насочени кон Владата на национално единство на Либија која легитимно е призната од страна на светот. Ердоган рече дека Тунис и другите земји во регионот се сериозно вознемирени од неповолните случувања во Либија.

Верувам дека во воспоставувањето на стабилноста во Либија, Тунис ќе одигра конструктивна улога.

Во освртот на средбата со тунискиот претседател Кајс, Ердоган рече дека разговарале за чекорите што можат да ги фрлат за воспоставување на примирјето во Либија и премин кон политичкиот процес како и меѓусебната соработка.

Во врска со евентуалното испраќање војници во Либија, претседателот Ердоган рече:

„Турција ни на едно место и никогаш не беше непоканета. Ако се достави барање, секако дека истото ќе го разгледаме“.

Потенцирајќи на меморандумот кој Турција го потпиша со Либија, Ердоган рече дека во иднина ќе продолжат согласно принципите и начелата на постигнатиот меморандум.

„Со меморандумот со кој Турција и Либија станаа соседни поморски земји, Грција нема право на глас во регионот“ рече Ердоган и додаде:

„Со претседателот Сараџ кој е признат од страна на меѓународната јавност фрламе заеднички чекори. Хафтер нема ваква квалификација. Нема да дозволиме да бидат прегазени браќата во Либија.

Со која одлика во Либија влегоа припадниците на таканаречената група Вагнер и тоа 5 илјади од Судан и 2 илјади од Русија. Што бараат таму и со кого се поврзани?“

Тунискиот претседател Кајс Саид во говорот рече дека на средбата со претседателот Ердоган разговарале за либиското прашање и тоа од сите аспекти.

„Меморандумот постигнат меѓу Турција и Либија ги определува границите меѓу двете земји. Та е прашање кое ги засега двете земји“ рече Саид.



Слични вести