Ибрахим Калин: Со исклучување на Турција не е можно да се применува ниту еден план во Источниот Медитеран

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека со исклучување на Турција не е можно да се стави во примена ниту еден план во Источниот Медитеран

1329023
Ибрахим Калин: Со исклучување на Турција не е можно да се применува ниту еден план во Источниот Медитеран

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин вчера додека продолжуваше состанокот на претседателскиот кабинет се појави пред камерите каде што говореше за низа актуелни прашања, а потоа одговараше и на прашањата на новинарите.

Калин истакна дека со исклучување на Турција не е можно да се стави во примена ниту еден план во Источниот Медитеран. 

Велејќи дека во безбедната зона којашто е формирана со операцијата на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) Извор на мирот источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, постои помирна и постабилна мировна средина, Ибрахим Калин рече: „Меѓутоа, и во овие области без прекин продолжува тероризмот на ЈПГ/ПКК (сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК).“

Калин се осврна и на порастот во последно време на нападите на сирискиот режим и неговите поддржувачи врз подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, во врска со што рече: „Очекуваме што поскоро да престанат нападите и тоа да се стави во примена со постигнување на нов прекин на огнот. Нашето основно очекување и од руската страна е тоа. Сметаме дека е корисно да потсетеме дека ова руската страна сноси поголема одговорност.“

По прашањето со Источниот Медитеран пак, портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин појасни дека никој не покажуваше реакција тогаш кога Египет, Израел, Јужната кипарско-грчка управа и Грција се состануваа и исклучувајќи, оставајќи ја Турција целосно надвор одржуваа некои состаноци меѓусебе, постигнуваа договори и развиваа проекти.

Калин укажа на тоа дека меѓутоа, во моментот кога Турција постигна договор со Либија почнаа да се изнесуваат одредени тврдења околу тоа дека „Турција делува спротивно на меѓународното право“.

„Со исклучување на Турција не е можно да се стави во примена ниту еден план во Источниот Медитеран.“ - рече Калин.

Појаснувајќи дека постојат склучени договори и на земји како Италија и Франција со либиската влада и дека никој не говори за тоа, Ибрахим Калин го додаде следното: „Исто така никој нема право да ја преиспитува и легитимноста на договорот што го постигна Турција. Меѓутоа, како генерален принцип секој треба да го знае и тоа дека со изоставување (исклучување и оставање надвор) на Турција во Источниот Медитеран таму не може да се воспостави средина на мир, спокојство и стабилност.“



Слични вести