Честитка од Чавушоглу до новата министерка за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ

Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со новата министерка за надворешни работи Бисера Турковиќ која воедно ја извршува и функцијата заменичка претседателка на Советот на министри на Босна и Херцеговина на која и честита за новата функција

1329118
Честитка од Чавушоглу до новата министерка за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и честита на Бисера Турковиќ, новата министерка за надворешни работи на Советот на министри на Босна и Херцеговина.

Според добиени информации од дипломатски извори, Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со новата министерка за надворешни работи Бисера Турковиќ која воедно ја извршува и функцијата заменичка претседателка на Советот на министри на Босна и Херцеговина, како највисок орган на извршната власт во оваа земја.

Во телефонскиот разговор, Чавушоглу и честита на Бисера Турковиќ и ѝ посака успех во овие нејзини значајни функции на кои е назначена.

Воедно и Министерството за надворешни работи на Турција во објавеното писмено соопштение вчера упати честитки и ѝ посака успех на новата влада т.ј. Советот на министри, кој можеше да се формира по изминато долго време по одржаните избори во октомври 2018 година во Босна и Херцеговина.



Слични вести