Претседателот Ердоган му го честита 58. роденден на азербејанскиот претседател Алиев

Претседателот Ердоган го побара по телефон азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на кого му го честита 58. роденден и му посака успех во работата и здравје во животот

1328898
Претседателот Ердоган му го честита 58. роденден на азербејанскиот претседател Алиев

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му го честита 58. роденден на азербејанскиот претседател Илхам Алиев.

Според објавеното соопштение од кабинетот на азербејџанскиот претседател, претседателот Ердоган го побара по телефон претседателот Алиев.

Во телефонскиот разговор, Ердоган му го честита 58. роденден на Илхам Алиев и му посака успех во работата и здравје во животот.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев пак, му се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за роденденската честитка и како што рече поради тоа што се сетил на неговиот роденден.

Во остварениот телефонски разговор помеѓу двајцата претседатели Ердоган и Алиев, беше изнесено задоволството поради успешното унапредување на пријателските и братските односи помеѓу Азербејџан и Турција во сите сфери, а воедно беше потцртано дека взаемните односи ќе се зацврстат уште повеќе во иднина.



Слични вести