МНР на Турција: Пресудата во случајот со убиството на Кашикчи е далеку од исполнување на очекувањата

Портпаролот на МНР на Турција Хами Аксој истакна дека пресудата на саудискиот суд во случајот со убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) е далеку од исполнување на очекувањата, како кај нашата земја, така и кај меѓународната заедница

1328375
МНР на Турција: Пресудата во случајот со убиството на Кашикчи е далеку од исполнување на очекувањата

Турција соопшти дека донесената пресуда од страна на судот во Саудиска Арабија во случајот со убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) е далеку од исполнување на очекувањата.

Во сдускиот процес за убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 5 лица им беа изречени смртни казни, а тројца други обвинети беа казнети со затворски казни од вкупно 24 години. 

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој даде изјави по ова прашање и го рече следното: „Соопштената пресуда денеска (23 декември, понеделник) во случајот со убиството на Џемал Кашикчи којшто се води во Саудиска Арабија е далеку од исполнување на очекувањата како кај нашата земја, така и кај меѓународната заедница, во правец на расветлување на ова убиство со сите негови поединости и задоволување на правдата.“

Аксој напомена дека останувањето во мрак на значајни прашања како што се судбината на трупот на убиениот Кашикчи и откривањето на нарачателите на убиството и на домашните соработници доколку ги има, претставуваат основен недостаток од аспект на принципот на задоволување на правдата и на полагање сметка.

„Расветлувањето на ова извршено убиство на териториите на нашата земја и откривањето на сите одговорни и нарачатели и нивното казнување, не претставува само правна одговорност и обврска, туку истовремено претставува и совесна одговорност и обврска.“ - рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој.

Инаку, саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) беше жртва на ѕверско убиство на 2 октомври 2018 година во Генералниот конзулат на сопствената земја Саудиска Арабија во Истанбул, каде што отиде за да земе документ за венчавање.



Слични вести