МНР на Турција: Остро го осудуваме случајот со палење на автомобилот на нашиот дипломат во Солун

Портпаролот на МНР Хами Аксој, во врска со случајот со палење на автомобилот на еден турски дипломат во Солун вработен во Генералниот конзулат на Република Турција во Солун, во Грција, истакна дека Турција остро го осудува овој случај

1328638
МНР на Турција: Остро го осудуваме случајот со палење на автомобилот на нашиот дипломат во Солун

Турција покажа реакција против случајот со палење на автомобилот на еден турски дипломат вработен во Генералниот конзулат на Република Турција во Солун, Грција.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој во дадениот писмен одговор на едно поставено прашање во врска со случајот го истакна следното: „Остро го осудуваме палењето на приватниот автомобил на еден наш вработен во нашиот Генерален конзулта во Солун.“

Аксој, случајот го окарактеризира како „очаен“ и информира дека од страна на Министерството за надворешни работи е доставена реакција до амбасадорот на Грција во Анкара и од страна на Амбасадата на Турција во Атина до грчките органи, а освен тоа се преземени и неопходните усмени и писмени иницијативи.

Привлекувајќи внимание дека во последните години растат сличните случаи со напади против турскиот дипломатски персонал и нивниот имот во Грција, портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој ја изнесе следната констатација: „Од грчките органи очекуваме да ги спречат овие видови акции и да ги преземат сите потребни мерки во правец на заштита на нашите мисии и персоналот, како и да бидат изнесени пред суд извршителите на овие случаи и да им бидат изречени заслужените казни.“

Инаку, вчера рано наутро во градот Солун во Грција беше запален автомобилот на еден турски дипломат вработен во Генералниот конзулат на Република Турција во Солун.

Во гаснењето на пожарот интервенираа екипите на противпожарната служба, но беше причинета материјална штета во задниот дел на автомобилот.

Полициската управа во Солун започна истрага во врска со случајот.

 



Слични вести