Ибрахим Калин и Роберт О'Брајан разговараа телефонски за прашања посветени на Сирија и Либија

Во соопштението од портпаролството на претседателскиот кабинет се истакнува дека Калин и О'Брајан освен тоа што разговараа за односите помеѓу двете земји, разменија мислења и во врска со прашања посветени на безбедносната ситуција во Сирија и Либија

1328621
Ибрахим Калин и Роберт О'Брајан разговараа телефонски за прашања посветени на Сирија и Либија

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин оствари телефонски разговор со советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Робер О'Брајан.

Во објавеното соопштение од портпаролството на претседателскиот кабинет се истакнува дека Ибрахим Калин и Роберт О'Брајан освен тоа што разговараа за односите помеѓу двете земји, разменија мислења и во врска со прашања посветени на безбедносната ситуција во Сирија и Либија.

Во телефонскиот разговор беше привлечено внимание дека Турција ќе ги продолжи своите активности по прашањето на воспоставување на безбедноста и стабилноста во регионот, а освен тоа беа разгледани и случувањата во Источниот Медитеран при што беше нагласен принципиелниот став на Турција по ова прашање.



Слични вести