Претседателот Ердоган: Денеска ќе испратиме делегација во Русија на разговори за последната состојба во Идлиб

Петседателот Ердоган истакна дека денеска ќе биде испратена делегација во Русија која ќе ја постави на маса последната состојба во подрачјето на градот Идлиб во Сирија

1327691
Претседателот Ердоган: Денеска ќе испратиме делегација во Русија на разговори за последната состојба во Идлиб

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата на доделување на наградите на Друштвото за ширење на знаењето што се одржа синоќа во сарајот Долмабахче во Истанбул.

Овде претседателот Ердоган се осврна на голем број актуелни прашања и меѓу другото истакна дека денеска ќе биде испратена делегација во Русија која ќе ја постави на маса последната состојба во подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

Ердоган исто така привлече внимание дека моментално според националниот доход Турција се наоѓа на прво место во големината на поддршката што им ја доставува особено на најмалку развиените земји.

Појаснувајќи дека Турција не може да поднесе нов бегалски бран од Сирија, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Поради последните масакри во Идлиб кадешто живеат 4 милиони луѓе, во ова подрачје повторно дојде до сериозна раздвиженост. Над 80 илјади наши браќа од Идлиб кои бегаат од бомбардирањата почнаа да се иселуваат кон границите на нашата земја. Доколку не заврши ѕверстото против народот во Идлиб оваа бројка ќе се зголеми уште повеќе. Во тој случај Турција нема самата да го сноси товарот на оваа миграција. Негативните рефлектирања на притисокот на којшто ќе бидеме подложени ние, ќе станат прашање коешто ќе го почувствуваат и сите европски земји, а пред се Грција. Ние кај Русија, ги покажуваме и ќе продолжиме да ги покажуваме сите видови неопходни обиди за прекинување на нападите. Ќе испратиме една наша делегација во Москва кадешто ќе одржи разговори и согласно резултатот што ќе се добие ѝ ние ќе ги утврдиме чекорите коишто ќе ги преземеме.“

Претседателот Ердоган напомена дека ги повикуваат европските земји наместо да ја приклештат во ќош Турција поради легитимните чекори коишто ги фрла во Сирија својата енергија да ја трошат за спречување на масакрот во Идлиб и додаде дека во спротивно не ќе може да се спречи пожарот во Идлиб да се прошири и на нивните територии.



Слични вести