Мевлут Чавушоглу во Тбилиси примен кај грузискиот премиер Георги Гахарија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Тбилиси каде што престојува по повод 8. Трилатерален состанок на ниво на министри за надворешни работи на Турција, Грузија и Азербејџан, беше примен кај грузискиот премиер Георги Гахарија

1328063
Мевлут Чавушоглу во Тбилиси примен кај грузискиот премиер Георги Гахарија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во посета на главниот град на Грузија, Тбилиси, кадешто отпатува со многучлена делегација во своја придружба, за да учествува на 8. Трилатерален состанок на ниво на министри за надворешни работи на Турција, Грузија и Азербејџан.

Во оваа пригода министерот Мевлут Чавушоглу беше примен кај грузискиот премиер Георги Гахарија.

На средбата која беше затворена за печатот, освен билатералните односи помеѓу Турција и Грузија беше разговарано и за прашања за унапредување на овие односи до уште повисоко ниво.

Беа поставени на дневен ред прашања посветени на зголемувањето на билатералната трговија и поттикнувањето на взаемните инвестирања, а беа нагласени и поддршката и значењето коишто Турција ги дава на територијалниот интегритет и суверенитетот на Грузија.

На средбата, исто така беа поставени на маса и состанокот на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Грузија што ќе се одржи идната година и посетата којашто потоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе ја оствари на Грузија.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и делегацијата во негова придружба во Тбилиси имаа средба и со грузискиот министер за надворешни работи Давид Залкалиани.



Слични вести