Калин: Чекорите коишто ги фрла Турција во последно време во Сирија и во Либија расипаа бројни игри

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека чекорите коишто ги фрла Турција во последно време во надворешната политика, во Сирија и во Либија, расипаа бројни игри

1327809
Калин: Чекорите коишто ги фрла Турција во последно време во Сирија и во Либија расипаа бројни игри

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин учествуваше на еден разговор на затворањето на Саемот на книгата во квартот Умраније во Истанбул којшто започна на 14 декември, а вчера ги затвори своите врати.

Во своето излагање оведе, портпаролот Калин се осврна на значајните чекори коишто ги фрла Турција и во надворешната политика, а за која рече дека постигнува развој во голем број сфери.

Ибрахим Калин истакна дека чекорите коишто ги фрла Турција во последно време во надворешната политика, во Сирија и во Либија, расипаа бројни игри.

Велејќи дека поради тоа што ги расипа рамнотежите уште повеќе се зголемува и силата на реакциите против Турција, портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин рече: „Меѓутоа, ниту реакциите против чекорот што го фрливме со операцијата Извор на мирот во Сирија, ниту силата на реакциите коишто пристигнуваат во склопот на дговорите коишто ги постигнавме со Либија, апсолутно нема да доведат до отстапки во нашите обиди за одбрана и заштита на нашите права во Источниот Медитеран. Спротивно на тоа ние нашиот одлучен и принципиелен став во овие сфери ќе го продолжиме и во иднина.“



Слични вести