Порака со честитка од претседателот Ердоган по повод еврејскиот празник Ханука

Претседателот Ердоган објави порака со честитка по повод еврејскиот празник Ханука во која го напиша следното: „Никако не дозволивме да биде отуѓуван никој поради своето верување, надворешниот изглед и начинот на облекување“

1327607
Порака со честитка од претседателот Ердоган по повод еврејскиот празник Ханука

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објава порака по повод празникот Ханука и им го честита овој значаен празник на граѓаните Евреи. 

Претседателот Ердоган во пораката истакна дека не е дозволено да се затруе средината на толеранција, од страна на расистичките, дискриминаторските и екстремистичките групи.

Ердоган истакна дека како припадници на една коренита цивилизација која различностите ги прифаќа како богатство и негира да се прави верска, јазична и расна дискриминација, му се придава значење на принципот секој граѓанин да може слободно да живее според своето верување.

Нагласувајќи дека со овој начин на сфаќање со реформите коишто се ставени во примена во различни сфери во последните 17 години една по една се кренати препреките пред слободата на религијата и совеста, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го истакна следното: „Никако не дозволивме да биде отуѓуван никој поради своето верување, надворешниот изглед и начинот на облекување. Не дозволивме да се затруе од страна на расистичките, дискриминаторските и екстремистичките групи, средината на толеранција во којашто сите единки на 82 милиони жители живеат заеднички во мир. Оваа наша чувствителност ќе ја одбраниме и во иднина. Ќе продолжиме да ја развиваме Турција со солидарност којашто ќе се покажува како пример за целиот свет.“



Слични вести