Хулуси Акар: Ќе продолжиме да стоиме покрај нашите либиски браќа се додека да се воспостават мирот, спокојството и безбедноста

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турција ќе продолжи да стои покрај Либија се додека да се воспостават мирот, спокојството и безбедноста во оваа земја

1327659
Хулуси Акар: Ќе продолжиме да стоиме покрај нашите либиски браќа се додека да се воспостават мирот, спокојството и безбедноста

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во говорот што го одржа на церемонијата на спуштање во вода (базен) на првата национална подморница Пири Реис и првото заварување на петтиот брод Сејдиалиреис во Командата на бродоградилиштето во Ѓолџук во Коџаели, меѓу другото се осврна и на потпишаните меморандуми за разбирање со Либија.

Министерот Акар истакна дека Турција ќе продолжи да стои покрај своите либиски браќа се додека да се воспостават мирот, спокојството и безбедноста во оваа земја.

Хулуси Акар постигнатите меморандуми ги окарактеризира како „чекори од стратешко значење фрлени во правец на одбрана на правата и интересите“.

„Со овие чекори, во правец на правата и интересите и на двете земји целосно во согласност со резолуциите на Обединетите нации (ОН) и меѓународното право, се регистрирани морските сфери на надлежност, отворено е ставено до знаење дека нема да се дозволи да дојде до состојби на свршен чин и се одбранети нашите права. Денеска, исто како и во Сирија, и во Либија ќе продолжиме да стоиме покрај нашите либиски браќа се додека бидат воспоставени мирот, спокојството и безбедноста во оваа земја.“ - порача министерот за национална одбрана Хулуси Акар.



Слични вести