Започната операцијата „Киран-11 Нарко-терор“ во Лиџе кај Дијарбакир

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјето на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир е започната операцијата „Киран-11 Нарко-терор“ во која учествуваат 1.260 припадници на безбедносни сили, 80 оперативни тимови

1327396
Започната операцијата „Киран-11 Нарко-терор“ во Лиџе кај Дијарбакир

Во подрачјето на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир е започната операцијата „Киран-11 Нарко-терор“.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, со поддршка на граѓаните со одлучност продолжуваат операциите „Киран“ коишто се спроведуваат за целосно елиминирање на тероризмот и финансиските извори од кои се храни.

Во тие рамки, во подрачјето на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир од страна на Регионалната команда на жандармеријата во Дијарбакир е започната операција „Киран-11 Нарко-терор“, а со цел спречување на подготовките на сепаратистичко-терористичката организација за зимување, неутрализирање на терористите за кои се смета дека се засолнуваат во подрачјето, фаќање на препродавачите на опојни дроги чија цел се младите и уништување на финансиските извори на тероризмот.

Во операцијата учествуваат 1.260 припадници на безбедносните сили, 80 оперативни тимови.



Слични вести