Собранието на Турција го ратификува Меморандумот за безбедносна и воена соработка со Либија

Според Меморандумот за разбирање за безбедносна и воена соработка, Турција ќе може да даде поддршка во обука и опрема за формирање на Сили за брза интервенција во Либија

1327410
Собранието на Турција го ратификува Меморандумот за безбедносна и воена соработка со Либија

Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) го одобри предлог законот за ратификување на Меморандумот за разбирање за безбедносна и воена соработка помеѓу Турција и Либија.

Според меморандумот за разбирање, Турција ќе може да даде поддршка во обука и опрема за формирање на Сили за брза интервенција во Либија.

Доколку пристигне барање, ќе може да се формира канцеларија за заедничка одбранбена и безбедносна соработка.

Ќе можат да се стават на располагање копнени, поморски и воздушни возила, опрема, оружје, бази за обука, како и да се реализираат безбедносна и воена обука, заеднички воени вежби, споделување на разузнавачки информации и операции за одбрана на мирот.

Двете земји ќе можат взаемно да доставуваат неповратна воена помош и да даваат поддршка за употреба на воена опрема.

Ќе може да се реализира споделување на информации и искуства во врска со сферите за одбранбено и безбедносно научно и технолошко истражување, социјалните, спортски и културни манифестации, како и да се разменат и споделат информации во сферите на воената историја, архивите, издаваштвото и музеологијата.



Слични вести