Претседателот Ердоган: Како никогаш досега сме блиску до целта за голема и силна Турција

Претседателот Ердоган истакна дека како никогаш досега е дојдено блиску до целта за голема и силна Турција

1327394
Претседателот Ердоган: Како никогаш досега сме блиску до целта за голема и силна Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на Средбата со извозниците на услуги во Истанбул и во оваа пригода истакна дека се цврсто посветени на целта за зголемување на извозот на 500 милијарди долари.

„Како никогаш досега сме блиску до целта за голема и силна Турција“ - рече Ердоган.

Велејќи дека со позитивниот раст во третиот квартал Турција влезе наново во период на раст, претседателот Ердоган појасни дека инфлацијата назадува, податоците за вработување даваат позитивни сигнали, премијата за ризик на Турција којашто извесно време беше на околу 500 е намалена на 280 и воедно берзата го достигна врвот во последната 1,5 година.

Тој исто така ја сподели и информацијата дека индексот на економска доверба во месец ноември се зголеми за 1,7 отсто и достигна до 91,3 отсто, додека бројот на формираните фирми во месец ноември во споредба со минатата година оствари раст од 10,2 отсто.

Претседателот Ердоган го рече следното: „Сиве овие случувања покажуваат дека работите се одбиваат добро и дека продолжува брзо економското опоравување. Како никогаш досега сме блиску до целта за голема и силна Турција.“

Во врска со проектот „Канал Истанбул“, Ердоган информира дека  во наредните недели ќе биде распишан тендер и ќе се започне со реализација на овој проект.

Потсетувајќи дека во Малезија беа потпишани 17 договори, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека овие договори се мошне значајни од аспект да го покажат тоа до каде ќе достигне Турција и во меѓународната арена, а не само во регионот.



Слични вести