Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер: Турција е долгогодишен значаен НАТО партнер

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер изјави во Пентагон дека Турција е долгогодишен значаен партнер на НАТО

1327168
Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер: Турција е долгогодишен значаен НАТО партнер

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер одржа заедничка прес конференција во Пентагон со началникот на Генералштабот на САД Марк Мејли.

Овде, Еспер истакна дека Турција е долгогодишен значаен партнер на НАТО.

„Турција долги години е значаен НАТО партнер. Војуваа заедно со нас од Кореја до Авганистан. Со мојот колега (министерот за национална одбрана Хулуси Акар) рутински разговарам.“ - рече Еспер.

По прашањето на изјавите кои што се појавија во медиумите во однос на воздухопловната база Инџирлик во Адана пак, Еспер го рече следното: „Треба да разговарам за да разберам која е причината за тоа и колку се сериозни. Нашиот став е овој, Нив треба да ги доближиме до сојузот на НАТО. Бидејќи имаат способна армија и долги години како се наш сојузник.“

Одговарајќи на едно поставено прашање во врска со тоа уште колку ќе останат во Сирија, американскиот секретар за одбрана Марк Еспер истакна дека целта на САД во Сирија е да се овозможи ДЕАШ да се земе под контрола од страна на локалните сили и да се обезбеди другите сојузници на САД да дадат придонес на оваа цел.



Слични вести