Започнати операциите „Киран-9“ кај Ширнак и „Киран-10“ кај Хаќќари против терористите на ПКК

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјата на градовите Ширнак и Хаќќари се започнати две нови операции против сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1326881
Започнати операциите „Киран-9“ кај Ширнак и „Киран-10“ кај Хаќќари против терористите на ПКК

Против терористите припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК се започнати операциите „Киран-9 Планина Џуди“ („Kıran-9 Cudi Dağı“) и „Киран-10 Долина Казан“ („Kıran-10 Kazan Vadisi“).

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјата на градовите Ширнак и Хаќќари се започнати две нови операции против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во соопштението се истакнува дека од страна на турските безбедносни сили се започнати операциите „Киран-9 Планина Џуди“ („Kıran-9 Cudi Dağı“) во подрачјето на градот Ширнак и („Kıran-9 Cudi Dağı“) и „Киран-10 Долина Казан“ („Kıran-10 Kazan Vadisi“) во подрачјето на градот Хаќќари.

Во операцијата „Киран-9 Планина Џуди“ („Kıran-9 Cudi Dağı“) во подрачјето на градот Ширнак учествуваат 1.260 припадници на жандармеријата, полицијата и безбедносни чувари, а во операцијата „Киран-10 Долина Казан“ („Kıran-10 Kazan Vadisi“) во подрачјето на градот Хаќќари 730 припадници на жандармеријата, полицијата и безбедносни чувари.



Слични вести