Турција од 11 ноември до 19 декември депортира во нивните матични земји 110 странски терористи

Од страна на Министерството за внатрешни работи на Турција од 11 ноември до 19 декември се депортирани во нивните матични земји вкупно 110 странски терористи, државјани на различни земји

1327002
Турција од 11 ноември до 19 декември депортира во нивните матични земји 110 странски терористи

Продолжува процесот на депортирање на странските терористи во нивните матични земји.

Од страна на Министерството за внатрешни работи на Турција од 11 ноември досега се депортирани во нивните матични земји вкупно 110 странски терористи, државјани на различни земји.

Во тие рамки, во периодот 11 ноември-19 декември од Турција се депортирани во нивните матични земји вкупно 110 странски терористи од кои 21 државјанин на Германија, 13 државјани на Франција, 5 на Велика Британија, 2 на Белгија, 2 Холандија, 2 Мароко, 2 Косово, 1 Данска, 1 САД, 1 Грција, 1 Ирска, 1 државјанин на Австралија и државјани на некои други земји.

Во центрите за враќање назад останаа 849 странски терористи кои ќе бидат испратени во нивните земји. Како што се дознава процесот на нивно депортирање во своите земји ќе продолжи и во наредните денови.

Како што се истакнува, се завршени работите за утврдување на идентитетот и државјанството на фатените странски терористи во Сирија, дека е дојдено при крај во деталните сослушувања и е воспоставен контакт со земјите за чии државјани станува збор.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во претходно дадените изјави одлучноста на Турција по прашањето на испраќање назад во нивните матични земји на странските терористи, ја изнесе со следните зборови. „Без оглед на сѐ ние ќе ги испратиме назад членовите на ДЕАШ. Ние не сме ничиј хотел за сместување на членовите на ДЕАШ.“



Слични вести