Претседателот Ердоган: Не е можно да останеме набљудувачи пред настаните во Либија

Претседателот Ердоган истакна дека не е можно Турција да остане набљудувач пред настаните во Либија

1327034
Претседателот Ердоган: Не е можно да останеме набљудувачи пред настаните во Либија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган одговараше на прашањата на претставниците на печатот кои ја следеа неговата посета на малезија кадешто учествуваше на Самитот во Куала Лумпур.

Велејќи дека не е можно Турција да остане набљудувач пред настаните во Либија, претседателот Ердоган нагласи дека лидерот на вооружените сили во Либија Халифа Хафтар нема легитимност и го рече следното: „Хафтар не е легитимен политичар, човекот е нелегитимен. Има такви кои се во обид да му придадат легитимност. (Премиерот на Владата на национално единство на Либија) Фајез ал Сараџ пак, е легитимен лидер, легитимен претставник.“

Ердоган подвлече дека некои земји се во обид да го негираат, сметаат за ништовен, Сараџ, и продолжи со следните зборови: „Во таков обид се Египет, Абу Даби, Франција па дури Италија. За жал и Русија, макар тоа што на изглед на се гледа, има своја фирма, служба. САД имаат голем број слични фирми, служби. На пример во Авганистан станува збор за фирми, служби, коишто ги сочинуваат поранешни војници. Ним им даваат високи плати и тие војната во Авганистан ја водат нелегитимно. Во Либија со посредство на службата наречена Вагнер (руска парамилитарна организација) тие се на задача покрај Хафтар речиси како негови платени војници. Се знае од чија страна им се даваат тие пари.“

Потсетувајќи дека не е можно Турција да остане набљудувач пред сето тоа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „И ние досега го направивме и ќе продолжиме да го правиме она коешто е во наша можност.“

Ердоган напомена дека и јавноста во Либија е задоволна од поддршката на Турција, а воедно потсети дека еден либиски академик му го рекол следното: „Да не беше помошта на Турција, особено Франција, Египет и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе ни создадеа тешкотии во сериозна смисла.“

 



Слични вести