Турција остро го осуди терористичкиот напад во Чад

Во објавеното писмено соопштение од МНР на Турција се истакнува дека остро се осудува извршениот вооружен терористички напад во централноафриканската држава Чад, во кој загинаа 14 лица, 5 мина се ранети, а 13 се водат како исчезнати

1326448
Турција остро го осуди терористичкиот напад во Чад

Турција, остро го осуди извршениот вооружен терористички напад врз едно рибарско село во близина на градот Каига во централноафриканската држава Чад.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Со жалење е дочекана веста за големиот број загинати и ранети во терористичкиот напад чија цел беше едно рибарско село на брегот на Чадското езеро. Остро го осудуваме овој гнасен напад. Го изразуваме нашето сочувство до братскиот народ и владата на Чад, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, на ранетите побрзо оздравување.“

Инаку, во извршениот вооружен терористички напад од страна на терористичката организација Боко Харам во централноафриканската држава Чад животот го загубија 14 цивили, 5 мина се ранети, а 13 лица се водат како исчезнати. 



Слични вести