Турција и Малезија ќе водат заедничка борба против исламофобијата

Со „Комуникацискиот проект за борба против исламофобијата“ за којшто е потпишан меморандум помеѓу Турција и Малезија, се има за цел да се формира структура за борба против ставовите против исламот

1326430
Турција и Малезија ќе водат заедничка борба против исламофобијата

Согласно „Комуникацискиот проект за борба против исламофобијата“ за којшто е потпишан меморандум помеѓу Турција и Малезија, ќе се води заеднички комуникациски проект за борба против ставовите против исламот.

На меморандумот за разбирање потпишан во присуство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и малезискиот премиер Махатхир Мухамед, својот потпис во име на Турција го стави шефот на Одделот за комуникации при претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун.

Со „Комуникацискиот проект за борба против исламофобијата“ за којшто е потпишан меморандум помеѓу Турција и Малезија, се има за цел да се формира структура за борба против ставовите насочени против исламот. Проектот има за цел борба против институционалните, структуралните и дискурзивните (говорните) предрасуди и фанатизираноста против исламот и муслиманите.

Меѓу целите на проектот се и уништувањето на негативната перцепција во врска со исламот, подигањето на свеста во глобални димензии во врска со вистинските исламски вредности, воспоставувањето на платформа за размена на знаења во правец на целта за поддржување на муслиманите против ставовите насочени против исламот, како и развојот на односите помеѓу исламскиот свет и Западот со цел намалување на погрешните мислења и стереотипите.

Освен тоа, се има за цел и да се формира свест по прашањата на толеранцијата, соживотот и меѓукултурните односи и тоа постепено да се трансформира во бренд во светски рамки во борбата против ставовите насочени против исламот.

Согласно постигнатиот меморандум, ќе се формира Комуникациски центар во Истанбул којшто ќе одигрува задача на команден центар на целиот овој проект.



Слични вести