Реакција од Турција против Холандија во врска со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО)

Портпаролот на МНР на Турција Хами Аксој покажа реакција против Холандија во врска со издавањето на дозвола за престој од страна на оваа земја за лица поврзани со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО)

1325801
Реакција од Турција против Холандија во врска со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО)

Реакција од Турција против Холандија во врска со издавањето на дозвола за престој од страна на оваа земја за лица поврзани со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО). 

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со издадената дизвола за престој за лица поврзани со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) од страна на Одделот за миграција и услуги за државјанство на Холандија.

Аксој рече: „Неприфатливо е тоа што од страна на Одделот за миграција и услуги за државјанство на Холандија е одговорено позитивно на барањата за азил и е издадена дозвола за престој на лица припадници на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), изнесувајќи го притоа како причина тоа дека податоците на овие лица поврзани со ФЕТО можеби преминале во рацете на турските органи.“

Портпаролот Хами Аксој нагласи дека во одредбите на Конвенцијата од Женева од 1951 година во врска со статусот на бегалците стои дека на лица по кои се трага поради извршено кривично дело тероризам не може да им се даде статус на бегалци.

Подвлекувајќи дека ќе продолжат очекувањата и напорите на Турција во правец на предавање на припадниците на ФЕТО кои стојат зад предавничкиот обид за преврат од 15 јули кога беа убиени 251 недолжен цивил, а илјадници лица беа ранети, портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој во дадениот писмен одговор го нагласи следното: „Не треба да се заборави дека оваа терористичка организација претставува закана за секоја земја во која се наоѓа, а не само за Турција. Воедно треба да се знае дека меѓународната соработка е од големо значење во борбата против тероризмот.“



Слични вести