Претседателот Ердоган: Во период на трговски војни, прашањето со тргување со национална валута станува итност

Претседателот Ердоган во Малезија кадешто престојува по повод Самитот во Куала Лумпур истакна дека во период кога се говори за трговски војни, прашањето со тргување со национална валута станува итност

1326231
Претседателот Ердоган: Во период на трговски војни, прашањето со тргување со национална валута станува итност

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на седницата „Улогата на развојот во стекнувањето на националниот суверенитет“ што се одржа во рамките на Самитот во Куала Лумпур во Малезија.

Овде Ердоган истакна дека во период кога се говори за трговски војни, прашањето со тргување со национална валута станува итност.

Нагласувајќи дека треба да се фокусираме на прашањето „Што би можеле да направиме заедно“, Ердоган рече: „Знаете, доста време како велиме дека билатералната трговија треба да ја спасиме од притисокот на девизите. Привлекуваме внимание на значењето на трговијата со нашите национални валути, наместо со странските валути. Во период кога се говори за трговски војни, прашањето со тргување со национална валута станува итност. Подготвени сме да работиме заедно со вас по ова прашање.“

Претседателот Ердоган наведе дека треба да се постави на приоритетен дневен ред и прашањето на исламските финансии и го рече следното: „Малезија располага со водечка положба во светот, во алтернативните финансиски извори коишто наместо каматите ги поставуваат во фокусот производството, трговијата. Како муслимани располагаме со крајно младо и динамично население, меѓутоа имаме сериозни тешкотии по прашањето на образованието коешто ќе го мобилизира човечкиот капитал.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на седницата одговараше и на прашањата на претставниците на печатот, кадешто во врска со граѓанската војна во Сирија го рече следното: „Моментално 50 илјади луѓе од Идлиб доаѓаат кон нашите територии. Ионака имаме 4 милиони, сега доаѓаат уште 50 илјади лица.“

Критикувајќи ги западните земји во однос на нивните ставови по сириското прашање, Ердоган рече: „Кога велиме да формираме безбедна зона не даваат било каква поддршка овде, меѓутоа кога ќе се рече оружје, оружје доаѓа.“

„Велат 'треба да водиме борба против тероризмот'. Како ќе водиме борба против тероризмот? Не може да се води борба против тероризмот на збор, туку на дело.“ - рече Тој. 

На истата седница говореше и домаќинот, малезискиот премиер Махатхир Мухамед кој меѓу другото го рече следното: „Она коешто треба да го направиме за да ги решиме нашите проблеми (во исламскиот свет), е да го формираме сопствениот пазар. Турција напредува во одбранбената индустрија. Малезија учи многу работи од Турција во оваа сфера.“



Слични вести