Претседателот Ердоган учествуваше на свечената вечера на Самитот во Куала Лумпур

Претседателот Ердоган учествуваше на свечената вечера којашто од страна на малезискиот крал Султан Абдулах Риајатудин Мустафа Билах Шах беше приредена во чест на шефовите на држави и премиери на влади на земјите учеснички на Самитот во Куала Лумпур

1325987
Претседателот Ердоган учествуваше на свечената вечера на Самитот во Куала Лумпур
erdogan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој по повод Самитот во Куала Лумпур престојува во посета на Малезија, овде учествуваше на свечената вечера којашто од страна на малезискиот крал Султан Абдулах Риајатудин Мустафа Билах Шах беше приредена во чест на шефовите на држави и премиери на влади на гостинските земји, учеснички на Самитот.

Свечената вечера  во Центарот за конференции во Куала Лумпур каде шти се одржа и Самитот, беше затворена за медиумите.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на вечерата учествуваше со својата сопруга Емине Ердоган.

Претседателот Ердоган пред свечената вечера, заедно со малезискиот крал Султан Абдулах, иранскиот претседател Хасан Рухани и малезискиот премиер Махатхир Мухамед ја прошета изложбената сала на Самитот во Куала Лумпур.



Слични вести