Пофалби од високиот Комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди до Турција

Високиот Комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди, правејќи проценка на учеството на претседателот Ердоган со делегација во своја придружба на Форумот во Женева, упати пофалби на сметка на Турција за која рече дека е домаќин на 4 милиони бегалци

1325962
Пофалби од високиот Комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди до Турција

Високиот Комесар на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) Филипо Гранди на крајот на „Првиот Глобален форум за бегалци“ што се одржа во швајцарскиот град Женева, даде изјава за претставниците на печатот.

Гранди, правејќи проценка на учеството на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со делегација во своја придружба на Форумот во Женева, упати пофалби на сметка на Турција за која рече дека е домаќин на повеќе од 4 милиони бегалци. 

Гранди подвлече дека Турција е домаќин на повеќе од 4 милиони бегалци, а поготово на 3 милиони и 600 илјади Сиријци и напомена дека тоа не е лесно за една земја.

Потсетувајќи и на зборовите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со враќањето на сириските бегалци назад во својата земја, високиот Комесар на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) Филипо Гранди рече: „Претседателот Ердоган отворено истакна дека враќањето назад е можно со донесување на доброволна одлука од страна на бегалците.“

Освен тоа, Гранди и се заблагодари на Турција за учеството на Првиот Глобален форум за бегалци и за доставената поддршка.



Слични вести