Турција остро реагираше на одлуката за одбранбениот буџен на САД

Никој не треба да се сомнева дека Турција ќе ги преземе потребните мерки наспроти овие санкции против нашата земја

1325120
Турција остро реагираше на одлуката за одбранбениот буџен на САД

Турција никогаш нема да се откаже од чекорите кои се потребни да се фрлат за заштита на националната безбедност.

Министерството за надворешни работи објави соопштение во врска со одлуката на американскиот Сенат за одбранбениот буџет.

Во соопштението беше истакнато следното:

„Никој не треба да се сомнева дека Турција ќе ги преземе потребните мерки наспроти овие санкции против нашата земја.

Потсетуваме дека јазикот и стилот на закана, никогаш нема да не откажат од преземање и фрлање потребни чекори за заштита на националната одбрана.

Што се однесува до наведениот одбранбен буџет на САД, усвојувањето на истиот претставува јасен показател за непочитувањето на одлуките коишто ги усвои Турција како суверена држава како и пример на неразумност и непријателски став.

Одбранбениот буџет на САД кој е познат како „Закон за национално одбранбено овластување за 2020“ по постигнатиот компромис околу содржината од страна на двата дома на Конгресот, по усвојувањето од страна на претставничкиот дом, беше усвоен и од страна на Сенатот.

Во делот на буџетот посветен на Турција, беше предвидено авионите од типот Ф-35 да не и се предадат на Анкара поради откупот на рускиот воздушно-одбранбен систем С-400.

Со буџетот се предвидува Турција да се извади од програмата за заедничко  производство на авионите од типот Ф-35, а согласно Законот за борба против американските противници по пат на економски санкции (CAATSA), да се спроведат дури и санкции врз Турција.

Во буџетот беа внесени санкции врз лицата и установите кои учествуваат во остварувањето на гасоводните проекти Турски тек и Северен тек-2.



Слични вести