Ердоган: „Мевлана со своето учење го запали факелот кој човештвото го осветлува со векови“

Иако поминаа 746 години од смртта на Мевлана, неговата инспиративност и љубов кон правдата се проширија низ целиот свет

1324601
Ердоган: „Мевлана со своето учење го запали факелот кој човештвото го осветлува со векови“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Мевлана со сите свои убави зборови и своето учење го запали факелот кој човештвото го осветлува со векови.

Во пораката по повод 746-та година од смртта на Хазрети Мевлана, претседателот Ердоган изрази жалење и почит кон големиот мислител,  и суфија Мевлана Џалаудин Руми.

Иако поминаа 746 години од смртта на Мевлана, чие учење се роди на просторите на Анадолија, а неговата инспиративност и љубов кон правдата се проширија низ целиот свет, покажаа дека се додека постои светот неговата искрена љубов кон правото, божјата правда и човекот, идеите и дела и натаму ќе продолжат да имаат предводничка улога за борците за правата и правдата.

Искуството со кое Мевлана Џалалудин Руми се стекна во рамките на неговата посета на научните и духовни центри Хорасан, Багдад, Мека и Медина, Дамаск, го донесе на териториите на Анадолија. Сите зборови на Мевлана имаат многу големо и длабоко значење, поради што го запали факелот на светлоста која го обелоденува целото човештво.

Во удирањето на белегот на денешните териториите на нашата последна и вечна татковина која ја прегрнавме многу цврсто и ги освоивме срцата на сите луѓе, заедно со Мевлана голема улога и значење имаат и другите мислители и суфии како што се Јунус Емре, Хаџи Бајрам Вели, Хаџи Бекташ Вели кои исто така се напојуваа од истите извори.

Со духовната моќ која произлегува од ова богато наследство и која не прегрнува цврсто, како резултат на трпението и амбициозноста на аманетот на нашите , ќе најдеме сили да ги пребродиме сите тешкотии и пречки и да го пронајдеме патот кој ќе не поведе кон посветла, поспокојна и подобра иднина“ рече Ердоган.



Слични вести