Претседателот Ердоган отпатува за Швајцарија

На покана на претседателот на Високиот комесаријат за бегалци на ОН Филипо Гранди, претседателот Ердоган учествува во својство на ко-претседавач

1324043
Претседателот Ердоган отпатува за Швајцарија

Во рамките на Првиот глобален форум за бегалците, претседателот Реџеп Тајип Ердоган отпатува за Швајцарија.

Претседателот Ердоган на форумот што ќе се одржи на 17 и 18 декември под покровителство на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) учествува на покана на претседателот на Високиот комесаријат Филипо Гранди и тоа во својство на ко-претседавач.

На форумот на кој ќе присуствува и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, претседателот Ердоган на свеченото отворање ќе им се обрати на учесниците.

На форумот кој првпат се одржува по повод мигрантите ќе учествуваат мигранти и бегалци од различни земји, претставници на владите и шефови на држави, лидерите на ОН, меѓународните организации, организации за развој, лидери од деловниот свет, претставници на невладините и хуманитарни организации, над две илјади делегати.

Според соопштението кое беше објавено од страна на УНХЦР, над 70 милиони луѓе во светот се принудени на миграции поради војни, насилства и зулуми. Целта на форумот е да се развијат нови формули во врска со можностите за помош и поддршка на мигрантите и бегалците во заедниците во коишто живеат и стекнување со нови идеи.

Во рамките на средбите на претседателот Ердоган во Женева, под покровителство на претседателството ќе се одржи мешовита изложба на уметнички слики и фотографии под наслов „Животот продолжува, уметноста продолжува“ ма сириските уметници кои живеат во Турција.



Слични вести