Остра реакција од претседателот Ердоган против одлуката на Сенатот на САД во врска со ерменските тврдења

Претседателот Ердоган покажа остра реакција против одлуката на Сенатот на САД во врска со наводните ерменски тврдења за настаните од 1915 година и порача дека ако затреба Турција може да ги затвори воздухопловната база Инџирлик и радарската база Ќуреџик

1323658
Остра реакција од претседателот Ердоган против одлуката на Сенатот на САД во врска со ерменските тврдења

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа беше гостин во специјалната програма на еден приватен телевизиски канал кадешто за прв пат говореше во врска со одлуката на Сенатот на Соединетите Американски Држави (САД) за настаните од 1915 година. 

Нагласувајќи дека САД не би требало да фрлат непоправливи чекори  во билатералните односи, Ердоган рече дека одлуката на Сенатот е „политичка“.

Покажувајќи реакција против минатонеделниот нацрт на Сенатот на САД со кој настаните од 1915 година се признаваат за „геноцид“, претседателот Ердоган рече: „Овие одлуки коишто ги донесувате немаат никаква вредност. Бидејќи, овие ваши одлуки се во потполност политички.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно напомена дека доколку затреба Турција би можела да применува и санкции, во врска со што го подвлече следното: „Многу е значајно и за двете страни САД да не фрлаат непоправливи чекори во нашите односи. Тогаш кога ќе дојде време, ќе седнеме заедно со сите наши делегации, ако треба да бидат затворени ќе ги затвориме и Инџирлик (американска база кај Адана) и Ќуреџик (радарска база кај Малатја). Додека тие прават вакви работи ние нема да седиме со празни раце. Турција не е племенска земја. Да кажам слободно, мошне отворено и јасно. Зарем е можно да не се говори, зборува за ова во врска со Индијанците во Америка? Историјата на Индијанците претставува црна дамка за Америка.“

Подвлекувајќи го тоа дека во кризата во Сирија Турција не се грижи во врска со нафтата, туку како ќе се воспостави спокојството на Сиријците, претседателот Ердоган го потцрта и тоа дека за елементите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ да се говори како „Курди“ ,претставува неправда (непочитување)  кон Курдите.

Велејќи „Ние, мислиме дека борбата против ПКК треба да се води со одлучност и заеднички исто како и против ДЕАШ“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го достави и следното предупредување: „Оние кои прават разлика меѓу терористичките организации, го сеат семето на катастрофите во иднина.“



Слични вести