Собранието на Турција ја осуди одлуката на Сенатот на САД во врска со наводните ерменски тврдења

Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) усвои одлука за осудување на одлуката на американскиот Сенат во врска со наводните ерменски тврдења за настаните од 1915 година

1323155
Собранието на Турција ја осуди одлуката на Сенатот на САД во врска со наводните ерменски тврдења

Одлуката на Сенатот на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со наводните ерменски тврдења за настаните од 1915 година, е осудена во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Претседателскиот документ испратен до Генералното собрание е прочитан од страна на потпретседателот на Собранието Џелал Адан.

Во документот се подвлекува дека одлуката на Сенатот на САД е непостоечка (ништовна) и дека не располага со никаква правна основа.

Освен тоа во документот стои и следното: „Турција, без да ги земе во предвид оваа одлука на Сенатот на САД и средствата на притисок од сличен вид, ќе продолжи да ги брани со одлучност своите национални интереси во регионот и својата национална безбедност."

Документот на претседателскиот кабинет кој што со потписот на претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп е доставен до Генералното собрание, е усвоен со гласовите на пратениците на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата), Републиканската народна партија (ЏХП), Партијата за националистичко движење (МХП) и Партијата ИЈИ.

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во објавата што ја сподели на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер нагласи дека оваа осуда не е соопштение, туку одлука на Парламентот. 

Шентоп напиша: „Испратениот документ на претседателскиот кабинет до Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) беше поставен на гласање и усвоен. На тој начин не се појави соопштение туку одлука на Парламентот. Одлуката на Сенатот на САД беше негирана (отфрлена) со одлуката на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).“

Усвоената одлука во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) со која се осудува, негира (отфрлува) и смета за непостоечка (ништовна) усвоената одлука во Сенатот на САД, е објавена и во Службениот весник на Република Турција.



Слични вести