Хами Аксој: Европската унија не е меѓународен суд па да пресудува за постигнатиот договор со Либија

Портпаролот на МНР Хами Аксој истакна дека ЕУ нема одредена надлежност за определувањето на сферите на надлежност во морето и дека не може да пресуди во однос на усогласеноста со правото, на постигнатата спогодба со Либија

1323231
Хами Аксој: Европската унија не е меѓународен суд па да пресудува за постигнатиот договор со Либија

Портпаролот на министерството за надворешни работи на Турција Хами Аксој  одговори писмено на изјавите од Советот на Европската унија (ЕУ) во врска со Турција.

Аксој истакна дека Европската унија  нема одредена надлежност за определувањето на сферите на надлежност во морето и дека не може да пресуди во однос на усогласеноста со правото, на постигнатата спогодба со Либија.

„Европската унија (ЕУ) не е меѓународен суд. Во тие рамки, не може да донесува и пресуди во однос на усогласеноста со правото на еден потпишан меморандум помеѓу Турција и Либија.“ рече Хами Аксој.

Тој напомена дека Европската унија (ЕУ) која останува безгласна пред договорите коишто Кипарско-грчката управа и покрај тоашто нема никаква надлежност ги постигнува со регионалните земји, кршејќи ги притоа правата на Турција и на кипарските Турци, применува двоен стандард.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој го рече следното: „Овој став, нема да не одврати од одбрана на правата и интересите на нашата земја и на кипарските Турци во Источниот Медитеран.“

Инаку, на 27 ноември поемѓу Турција и Владата на национално единство на Либија беа потпишани „Меморандумот за безбедносна и воена соработка“ и Меморандумот за разбирање во врска со разграничувањето на сферите на надлежност во морето“ со кој се има за цел да бидат одбранети правата на двете земји кои произлегуваат од меѓународното право.

Во заедничката декларација за којашто пак постигнаа согласност шефовите на држави и претседатели на влади на 27 земји членки на Европската унија (ЕУ) кои се состанаа во Брисел, се тврдеше дека потпишаниот меморандум за разбирање помеѓу Турција и Либија „ги прекршува суверените права на трети земји“. 

 



Слични вести