Состанок на Извршниот комитет за одбранбена индустрија: Турција ќе продолжи со одлучност по својот пат за стекнување со независна одбранбена индустрија

Во објавеното соопштение по состанокот на Извршниот комитет за одбранбена индустрија во Анкара под претседателство на претседателот Ердоган се истакнува дека Турција ќе продолжи со одлучност по својот пат за стекнување со независна одбранбена индустрија

1322981
Состанок на Извршниот комитет за одбранбена индустрија: Турција ќе продолжи со одлучност по својот пат за стекнување со независна одбранбена индустрија

Во Анкара под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се одржа состанок на Извршниот комитет за одбранбена индустрија.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, на состанокот беа донесени одлуки во однос на низа проекти во врска со електронското војување, софтверот, известувањето, оружјето, муницијата и разни оплатформи, а во насока на додавање на нови домашни и национални системи кои што ги користат Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и безбедносните служби.

Во соопштението се истакнува дека на состанокот на кој беше разговарано за развојот во одбранбената индустрија, беше поставено на дневен ред дека голем број системи коишто ги користат Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во операциите кои ги спроведуваат со голем успех во последно време внатре во границите на земјата и надвор преку границата се производи дизајнирани, развиени и произведени од страна на турската одбранбена индустрија. Притоа уште еднаш беа нагласени значењето и драгоценоста на домашната и националната одбранбена индустрија.

Во истото соопштение се додава и следното: „Кога ќе се земе во предвид перформансот на нашите домашни и национални производи; Уште еднаш беше изнесено дека иницијативите на одредени земји за ограничување или спречување на одбранбената индустрија на нашата земја нема да влијаат на еланот и одлучноста во насока на независното делување на нашата земја по прашањето на сопствените интереси. Турција ќе продолжи со одлучност по својот пат за независна одбранбена индустрија.“ 



Слични вести