Растат реакциите против одлуката на американскиот сенат

Одлуката на американскиот Сенат претставува политичко шоу

1322633
Растат реакциите против одлуката на американскиот сенат

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу остро реагираше на усвојувањето на предлог-законот од страна на американскиот Сенат со која Ерменските случувања од 1915 година се признаваат за геноцид.

Чавушоглу рече:

„Историјата ја користат за остварување на политичките цели, сите оние кои не сакаат да се соочат со вистините се страшливци“.

Во објавата преку профилот на твитер, Чавушоглу истакна:

„Одлуката на американскиот Сенат претставува политичко шоу. Нема никаква правна обврзителност и важност. Историјата ја користат за остварување на политичките цели, сите оние кои не сакаат да се соочат со вистините се страшливци“.

Исто таа и министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Сонмез ја осуди одлуката. Сонмез рече:

Се надевам дека ќе се вратат од оваа грешка и ќе ги седнеме односите со оваа земја со која со години сме сојузници во НАТО и партнери во другите меѓународни организации.

Претседателот на Управата за комуникации Фахретин Алтун исто така остро реагираше на одлуката на американскиот сенат.

Алтун во објавата преку профилот на твитер истакна дека усвојувањето на предлог-законот ќе предизвика опасност за иднината на билатералните односи. Евентуалните санкции и закани нема да не откажат од нашата намера за заштита на националната безбедност.



Слични вести