МНР на Турција: Ерменскиот нацрт на Сенатот на САД, срамен пример за тоа како би можела да се политизира историјата

МНР на Турција, прифаќањето во американскиот Сенат на нацрт одлуката со која ерменските тврдења за настаните од 1915 година се признаваат како „геноцид“ го окарактеризира како еден од „срамните примери за тоа како би можела да се политизира историјата“

1322888
МНР на Турција: Ерменскиот нацрт на Сенатот на САД, срамен пример за тоа како би можела да се политизира историјата

Реакција од Турција против ерменскиот нацрт на Сенатот на Соединетите Американски Држави (САД)...

Турското Министерство за надворешни работи, прифаќањето во американскиот Сенат на нацрт одлуката со која ерменските тврдења за настаните од 1915 година се признаваат како „геноцид“ го окарактеризира како еден од „срамните примери за тоа како би можела да се политизира историјата“, а воедно соопшти дека оваа одлука „претставува деструктивен обид кој цели кон нарушување на напорите во правец на развивање на турско-американските односи“.

Во објавеното писмено соопштение од министерството им се одделува место на следните изрази: „Одлуката не располага со никаква историска свест и правна основа.“

Во соопштението се нагласува дека одлуката за која станува збор нема обврзувачко својство и валидност.

Исто така се подвлекува дека борбата којашто ја води Турција за одбрана на своите витални интереси во својот регион ќе продолжи со одлучност, без да биде подложена на влијанието на овие видови неправедни и несовесни одлуки.



Слични вести