Ердоган: „Денес се соочуваме со напади на илјадагодишна одмазда“

Заедничка карактеристика на сите цивилизации на овие простори е тоа што беа супериорни во споредба со Запад

1322664
Ердоган: „Денес се соочуваме со напади на илјадагодишна одмазда“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека „денес се соочуваме со напад кој претставува одраз на илјадагодишна одмазда“.

Во говорот на свеченото доделување на наградите на претседателството во сферата на културата и уметноста што се одржа во Конгресниот и културен центар „Бештепе Милет“ претседателот Ердоган рече: „Во период кога древните цивилизации во Багдад, Дамаск, Алепо и другите места се срамнуваат со земја, не им се слуша гласот на оние во Париз, Лондон, Рим, Берлин.

Ердоган потсети дека во Првата и Втората Заливска војна во Ирак беа опљачкани и уништени историското и културно наследство. Сличен вандализам се доживува и во Авганистан и во Сирија. Ердоган подвлече дека се вложуваат напори за уништување и на илјадагодишното историско и културно наследство на овие простори, а не само луѓето.

Заедничка карактеристика на сите цивилизации на овие простори е тоа што беа супериорни во споредба со Запад.

Денес се соочуваме со еден вид напади кои претставуваат одраз на илјадагодишна омраза. Не се стремеа да му доделат Нобелова награда на човек кој што ги воздигнуваше оние коишто на еден подмолен начин ги убиваа муслиманите Бошњаци, додека наспроти тоа освен шака луѓе, никој не се спротивстави на овој чин. Дали индиферентното одобрување ќе се повтореше во случај да беа убиени 100 илјади Англичани, Французи, Германци, Италијанци, Норвежани, односно дали ќе му се доделеше Нобелова награда на човек кој ги величи нивните убијци? Воопшто не сум сигурен. Овие факти ни покажуваат дека без да се стекнеме со достојно место во светот на културата и уметноста во светот, нема да имаме можност дури да го одбраниме правото на живот“ подвлече претседателот Ердоган.



Слични вести