Амбасадорот на САД во Анкара Дејвид Сатерфилд повикан во МНР на Турција во врска со ерменскиот нацрт на Сенатот

Заменик министерот за надворешни работи Седат Онал ја достави до американскиот амбасадор Дејвид Сатерфилд реакцијата на Турција против усвоената нацрт одлука во Сенатот со која ерменските тврдења за настаните од 1915 година се прифаќаат како „геноцид“

1323037
Амбасадорот на САД во Анкара Дејвид Сатерфилд повикан во МНР на Турција во врска со ерменскиот нацрт на Сенатот

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) во Анкара Дејвид Сатерфилд наспроти усвоената нацрт одлука од страна на американскиот Сенат во врска со ерменските тврдења за настаните од 1915 година, денеска е повикан во турското министерство за надворешни работи.

Како што се истакнува заменик министерот за надворешни работи Седат Онал ја доставил до американскиот амбасадор Сатерфилд реакцијата на Турција во врска со усвоената нацрт одлука во Сенатот на САД.

Инаку, Амбасадата на САД во Анкара во однос на нацрт одлуката за којашто станува збор во текот на денот објави соопштение во кое истакна дека позицијата на американската администрација не е променета и дека нејзиниот став е изнесен во последната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп во месец април.

Претседателот на САД Трамп во својот говор што го одржа на 24 април посветен на настаните од 1915 година го употреби изразот „Медс Јегхерн“ („Meds Yeghern“) што на ерменски значи „Голема катастрофа“.

Американскиот Сенат вчера усвои нацрт одлука со којашто ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година се прифаќаат како „геноцид“.

 



Слични вести