Турција ги извести Обединетите нации (ОН) за потпишаниот договор со Либија

Според добиени информации од дипломатски извори, Турција вчера ги известила Обединетите нации (ОН) со цел да биде регистриран меморандумот за разбирање којшто на 27 ноември беше потпишан со Либија и кој стапи во сила на 8 декември

1322501
Турција ги извести Обединетите нации (ОН) за потпишаниот договор со Либија

Турција ги извести Обединетите нации (ОН) за регистрирање Меморандумот за разграничување на сферите на надлежност во морето којшто пред извесно време беше потпишан со Либија, а со кој се утврдуваат поморските граници на двете земјите во Источниот Медитеран.

Според добиени информации од дипломатски извори, Турција вчера ги известила Обединетите нации (ОН) со цел да биде регистриран меморандумот којшто на 27 ноември беше потпишан со Либија и кој стапи во сила на 8 декември.

Во одлуката којашто беше објавена во Службениот весник на Република Турција со потпис на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, беше истакнато дека 8 декември 2019 година е утврден како датум на стапување во сила на потпишаниот Меморандум во Истанбул помеѓу Владата на Република Турција и Владата на национално единство на Либија, а во врска со разграничувањето на сферите на надлежност во морето во Средоземното Море.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во изјавата што ја даде вчера по ова прашање истакна дека меморандумот за разбирање во Либија беше ратификуван од страна на Владата, а во Турција во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Чавушоглу воедно го рече и следното: „Заедно со потпишувањето од страна на нашиот претседател на указ во врска со стапувањето во сила, ќе го регистрираме во Обединетите нации (ОН). Ѝ заедно со договорот доставуваме информации, ѝ го регистрираме во Обединетите нации (ОН) нашиот нов континентален гребен чии западни граници се утврдени.“

 

 



Слични вести