Повик од Чавушоглу за единство за одбрана на правата на муслиманите во целиот свет

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во своето обраќање пред Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Рабат, во Мароко, истакна дека треба да се интензивираат работите по прашањето на одбрана на правата на муслиманите во целиот свет

1322392
Повик од Чавушоглу за единство за одбрана на правата на муслиманите во целиот свет

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Мароко, Рабат, говореше на состанокот што се одржа во рамките на прославите на 50. годишнина од формирањето на Организацијата за исламска соработка (ОИС).

Овде во своето обраќање, Чавушоглу истакна дека треба да се интензивираат работите по прашањето на одбрана на правата на муслиманите во целиот свет.

Мевлут Чавушоглу напомена дека единствената надеж за да се обезбедат правата на палестинскиот народ е да се воспостави единството меѓу муслиманите и рече: „Израел никогаш не ќе може да го оствари својот сон за етничко чистење на палестинската татковина и за создавање на расистички режим.

„Треба да продолжиме да бидеме бранители на благосостојбата на целиот умет (сите припадници на исламската религија) вклучувајќи ги и муслиманските малцинства и заедници на Исток и на Запад. Против загрижувачкиот подем во случаите на непријателство кон исламот и расистичките настани, би можеле да се бориме само со збивање на редовите. Треба да ги разгледаме и предизвиците како што се судирите (конфликтите), тероризмот и сиромаштијата кои влијаат на нашите општества. Треба да бидат интензивирани нашите напори за одбрана и промовирање на правата на муслиманите Рохинга, Ујгурите, Кашмирчани, кипарските Турци, турското малцинство во Западна Тракија-Грција и другите.“ - рече Чавушоглу.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу воедно упати и повик за водење на заедничка борба против тешкотиите како што се политичките недоразбирања, тероризмот и сиромаштијата, а исто така го нагласи и тоа дека ќе продолжи придонесот на Турција на Организацијата за исламска соработка (ОИС).



Слични вести