Претседателот Ердоган: Турција ќе продолжи да ги поддржува и да застанува во одбрана на Турците Ахиска

Претседателот Ердоган истакна дека Турција ќе продолжи да ги поддржува и да застанува во одбрана на Турците Ахиска.

1321209
Претседателот Ердоган: Турција ќе продолжи да ги поддржува и да застанува во одбрана на Турците Ахиска

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа учествуваше на манифестацијата во организација на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) на комеморацијата по повод 75. годишнина од прогонувањето на десетици илјади Турци Ахиска од нивната татковина Грузија, на која учествуваа и 30 мина сведоци на овој болен настан. 

Во своето обраќање овде пред присутните претседателот Ердоган истакна дека Турција ќе продолжи да ги поддржува и да застанува во одбрана на Турците Ахиска.

Нагласувајќи дека еден дел од Турците Ахиска ја водат својата праведна и понос а борба за враќање назад во своите домови коишто пред 75 години беа принудени да ги напуштат, Ердоган напомена дека како Турција се дава поддршка на овој процес на основа на меѓународното право и правичноста, а како што подвлече за задоволување на правдата.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во продолжение од својот говор рече: „Иншаллах (со Аллахова помош) и во иднина вашата кауза ќе ја сметаме за наша кауза, ќе ги продолжиме нашите активности ѝ кај грузиските власти ѝ кај Советот на Европа. Ова прашање ќе продолжи да се наоѓа меѓу приоритетите на нашите односи со Грузија и нашата политика кон Јужен Кавказ.“



Слични вести