Претседателот Ердоган: Доделувањето на Нобел на Хандке, става до знаење дека е создадена една вампирска заедница

Претседателот Ердоган истакна дека доделувањето на Нобеловата награда за литература на Петер Хандке како претставник на вампирска група интелектуалци, става до знаење дека е создадена една вампирска заедница

1321840
Претседателот Ердоган: Доделувањето на Нобел на Хандке, става до знаење дека е создадена една вампирска заедница

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган  денеска говореше на 6. Меѓународен конгрес за жени во локалните самоуправи што се одржа во Конгрезиум („Congresium“) во Трговската комора на Анкара (АТО).

Во своето обраќање овде, претседателот Ердоган истакна дека доделувањето на Нобеловата награда за литература на Петер Хандке како претставник на вампирска група интелектуалци, става до знаење дека е создадена една вампирска заедница.

Ердоган во врска со реакциите против доделувањето на Нобеловата награда за литература на Хандке, рече: „Во мое лично име и во име на мојот народ им благодарам на сите политички лидери кои го поддржаа овој достоинствен став.“

„Доделувањето на наградата на Нобел на ова лице по име Петер Хандке, претставникот на оваа вампирска група интелектуалци, става до знаење дека е создадена една вампирска заедница. Оваа награда којашто ја дадовте, не е наградата којашто им е дадена на нашиот професор Азиз Санџар, на Орхан Памук. Не можете и не ќе можете да измамите никого.“

Да потсетиме дека Нобеловата награда за литература за 2019 година му е доделена на австрискиот писател Петер Хандке кој е познат по тоа што го негира геноцидот во Сребреница и гаи симпатија и го поддржува поранешниот српски лидер, балканскиот касап Слободан Милошевиќ.

Доделувањето на оваа награда на Хандке кој водено тврди дека Бошњачките муслимани за време на војната се убивале меѓусебно, премина како црна дамка во историјата на Нобел и предизвика големи рекции и критики и кај меѓународната јавност.



Слични вести