Фахреттин Алтун: НАТО кое ќе биде ослабено и нема да се обнови, не ќе може да придонесе за светскиот мир

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун истакна дека НАТО кое ќе биде ослабено и нема да се обнови, не ќе може да придонесе за светскиот мир, за Европа или за Блискиот исток

1321592
Фахреттин Алтун: НАТО кое ќе биде ослабено и нема да се обнови, не ќе може да придонесе за светскиот мир

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун на својата микро блог-платформа „Медиум“ објави напис под наслов „По еден самит: Каде е НАТО?“, посветен на Лидерскиот самит на НАТО што се одржа во главниот град на Велика Британија, Лондон.

Алтун во овој свој напис истакна дека НАТО кое ќе биде ослабено и нема да се обнови, не ќе може да придонесе за светскиот мир, за Европа или за Блискиот исток.

Привлекувајќи внимание дека некои земји извесно време бараат да се поведе дискусија за положбата на Турција во НАТО, Фахреттин Алтун рече: „Доколку НАТО не се обнови не ќе може да придонесе за светскиот мир.“

Тој истакна дека Турција секогаш делува во согласност со духот на сојузништво, но дека за возврат на тоа не може да добие ништо, и го рече следното: „За жал земјите членки на НАТО не дадоа доволна поддршка на борбата на Турција против тероризмот. И беше дадена отворена поддршка на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ на северот на Сирија, им беше отворена прегратка на членовите на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО). Беше негирана борбата на Турција против ДЕАШ, беше отворена за преиспитување. Дури лидерите на некои земји ги доведоа во својство на политика напаѓањето на Турција и изнесувањето на неправедни обвинувања против нашата земја.“

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун, потсети дека Турција која располага со втората по големина копнена сила во НАТО, е од стратешко значење за Сојузот и нагласи дека НАТО треба да развива нови стратегии.

„Членовите во повелбата на НАТО треба да се преразгледат и ако затреба треба да се ревидираат. Се надеваме дека Самитот во Лондон под светлината на предлозите на Турција ќе стане повод за поведување на дискусија за ажурирање на НАТО. НАТО кое ќе биде ослабено и нема да се обнови, не ќе може да  придонесе за светскиот мир, за Европа или за Блискиот исток.“ - рече Алтун.



Слични вести